Демиен Хрст гостин на изложбата на Остеновите уметници

0

Во галерија ОСТЕН од денеска па се до 5 март ќе бидат изложени делата на Остеновите уметници: Владимир Георгиевски, Душан Перчинков, Васко Ташковски и Глигор Чемерски. Гостин на изложбата е светски познатиот уметник Демиен Хрст со делото “ЛСД” – Lysergic Acid Diethylamide (LSD).
Истовремено, ќе биде промовирана првата графичка мапа од едицијата на графички мапи СВЕТСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО – мапа од 12 отпечатени листови на Мице Јанкуловски. Едицијата 70 графички мапи како проект започна минатата, 2015 година по повод 70-годишнината на ОСТЕН.

Во рамките на манифестацијата ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ НА ГОДИНАТА, гореспоменатите уметници беа наградени во периодот од 2012 – 2015 со една од главните награди и тоа:
Глигор Чемерски – Награда за животно остварување 2013
Владимир Георгиевски – Награда за животно остварување 2014
Душан Перчинков – Уметник на годината 2015
Васко Ташковски – Награда за животно остварување 2015

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.