Dell доделува зимување во најактуелната ски дестинација за 2017 година

0

Љубителите на зимскиот одмор, адреналинските ски патеки и зимската идила благодарение на Dell и ИТД Дистрибуција добиваат неверојатна можност оваа зима во периодот од 25.02 до 04.03.2017 да уживаат, скијаат и одмараат во најактуелната ски дестинација за 2017 година Ишгл, Австрија.

Ишгл е место во Австрија сместено во западниот дел на Тирол кое брои околу 1600 жители. Со преку 200 километри долги патеки за скијање, 40 км патеки за трчање и 42 ски лифта, Ишгл се вбројува во една од најзабавните и најатрактивни дестинации за скијање во Европа. Посетителите имаат на располагање и романтични лизгалишта, патеки за ски скокови, хотели со врвна услуга и фантастични места за луда забава во повеќе од 30 барови и ресторани, казина и ноќни клубови. Во текот на целата зима во Ишгл се одржуваат и концерти на најголемите светски музички ѕвезди.

Доколку вашиот зимски одмор го замислувате токму на ваква дестинација и се што нуди ова место е по ваш вкус, се што треба да направите за бесплатно да уживате во Ишгл е до 31.01.2017 да купите нов Dell лаптоп од сериите Inspiron, XPS, Аlienware и купонот кој ќе го добиете заедно со преостанатите потребни документи да ги испратите на адреса ул.1552 бр.22 Визбегово, 1012 Скопје, п.фах 26 преку пошта, најдоцна до 04.02.2017 година. На 11.02.2017 година со јавно извлекување ќе се дознае и среќниот добитник од Македонија на зимување за двајца во прекрасниот Ишгл, Австрија.

Сите детални информации и правила на наградната игра може да се најдат на следниот линк: http://www.itd.mk/?page_id=14

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот