Дел од неа – My Burberry Blush

0

Новиот мирис My Burberry Blush, креација на парфимерот Френсис Куркдијан, официјално е лансиран во продажба кон крајот на месец јули, а сега конечно пристигна и кај нас, а можете да го најдете во парфимериите Anabella , низ Македонија.

My Burberry Blush е овошен цветен парфем, со пенливи пресврти. Наменет за секоја жена која зрачи со нежност, женственост и природна елеганција. Со својата светла, свежа мирисна нота создава разиграно и енергично расположение.

Мирис кој започнува со заносна калинка и освежителен лимон, а преоѓа во ливчиња од роза кои се испреплетуваат со свежо јаболко, додека базата од јасмин и цветната нота на вистерија го затвораат кругот на испреплетени и опојни мириси.

My Burberry Blush е доволно лесен и освежителен мирис за да биде обвиен околу вас во текот на целиот ден, без разлика дали одите на работа, на ручек со пријателките или прошетка со семејството, но доволно софистициран за да додаде доза елегантност и префинетост на вечерни коктел забави и други гламурозни настани.

Парфем кој не познава години, не разликува стилови. Лесно се впива на вашата кожа и станува дел од вас. Мирис кој привлекува лава од внимание кога ќе проструи низ воздухот.

My Burberry Blush ве чека на полиците во парфимериите Anabella.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.