Топли, мекани, шарени, или еднобојни теписи секогаш внесуваат топлина во ентериерот. Навикнати сме да ги гледаме на подот но еве пет начини да го разубавите просторот со теписи и тоа на ѕидовите.
Тапети
Во денешно време, покрај некое убаво уметничко дело, тешко е да се замисли подпобар ѕиден декор во класичен ентериер од тапети. Помалку заборавени, тие ќе додадат дискретен нагласок на внатрешноста на дневната или спалната соба. Постојат тапети кои се рачно изработени од многу вредни материјали, и по правило содржат предметни композиции. Затоа, тие претставуваат право уметничко дело.
Во етно внатрешност
Голем број на различни етнички групи имаат тенденција да ставаат теписи на ѕидовите од своите куќи-тоа се претежно источните народи, јужноамериканските племиња, индијанци. Затоа, во внатрешноста на малите куќи кои се во етно стил, често можете да видите рачно изработени теписи со народни мотиви кои изгледаат складно во ентериерот.
Во скандинавска внатрешност
Ѕидната декорација има свое место и во модерниот ентериер. Често можеме да ја забележиме во скандинавските домови. Овој стил се одликува со сјаен декор и рачно изработени етнички мотиви. Мал, рачно ткаен тепих со светли геометриски шари е најдобар украс за скандинавска внатрешност. Најважно е да изберете тепих со коцкаст облик и мала големина, така да изгледа како постер на ѕидот.
Соба со наргиле
Соба со наргиле, дизајнирана во ориентален стил, не е целосна без мазен и рачно ткаен тепих. Прво, овие теписи го впиваат чадот, и второ заедно со ориенталните јастуци, создаваат единствена атмосфера во удобниот ориентален и егзотичниот ентериер.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот