Дејвид Хазелхоф се враќа во “Чувари на Плажата“

0

“Чувари на плажата“ не би била тоа што е без легендарниот Дејвид Хаселхоф. Веќе некое време се шпекулира дека актерот кој се прослави со улогата на Мич Бјукенон, ќе се појави во филмкото продолжување на култната серија во која главната улога ќе ја толкува Двејн Џонсон.

Сеуште не се знае каква ќе биде неговата улога во продолжението, но самиот Двејн ја потврди оваа информација ставајќи слика од нив двајца на неговиот инстаграм профил.

Во продолжението на “Чувари на Плажата“, покрај “Карпата“, играат и Зек Ефрон, Александра Деадарио, а режијата ја потпишува Сет Гордон. Премиерата е закажана за 19 мај, 2017 година.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.