Децата знаат кога се сити – не ги терајте да јадат со сила

0

Британските научници, загрижени за се поголемиот процент на дебели луѓе, ја предупредија нацијата да ги регулираат порциите за време на оброците, посебно кога станува збор за децата.

Само една лажица плус на оброк е доволна децата да ја зголемат тежината, велат тие.

Иако количината се чини занемарлива, во еден месец би се собрала храна доволна за два дена.

Четвртина од британските деца на возраст од 3 години веќе се соочуваат со прекумерна тежина. Затоа, научниците решиле да ги анализираат оброците на 2500 деца на возраст помеѓу 4 и 18 месеци. Откриле дека тие со поголема килажа од другите, всушност не грицкале и не се хранеле со друг вид храна, туку само јаделе порции кои биле количински поголеми од другите.

aa-kids-healthy-eat

Стручните лица препорачуваат децата наместо да пијат сокови, родителите да ги тераат да пијат повеќе вода и што е уште поважно, да не ги тераат да ја испразнат чинијата кога очигледно се сити.

Уште едно истражување направено во 2015 година на оваа тема во Хрватска, покажало дека  26,4 проценти од децата имаа прекумерна тежина, 11,2 % им се заканува истата судбина ако продолжат со истиот начин на исхрана.

Во секој случај, потребно е да се следат реакциите на децата. Ако не се гладни во тој случај да не се наметнува идејата дека порцијата по секоја цена треба да биде празна. И децата се луѓе кои ги познаваат сопствените потреби, а родителите треба да ги следат нивните реакции.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот