Дали знаете зошто мачките се протегнуваат толку често?

0

„Доколку би постоел натпревар за Светско протегање на телото, сигурно мачките би освоиле златна медела. Своите мускули тие ги протегнуваат постојано и често и тоа поради истите причини како и ние луѓето- пишува“- National georaphic.

Која е главната причина?
„Протегнувањето на телото и мускулите секогаш е позитивно, а покрај тоа го забрзува квотокот низ телото“- вели Ендру Каф, истражувач од Карлскиот ветеринарски колеџ во Лондон.

„Овие животни спијат 12-16 часа дневно, два пати повеќе од луѓето“- вели доктор Рубин, стручно лице од Универзитетот во Аризона.
January-04-2013-19-51-44-pp
„Кога луѓето спијат , мозокот парализира поголем дел од мускулите за спречување на движењата во текот на спиењето. Истото се случува и со мачките во текот на нивниот одмор или сон. Мозокот ги парализира мускулите и го спречува движењето во сон, а во нивниот случај може да доведе на пример и паѓање од стол“- пишува „LiveScience“.

Во моментот кога овие животинчиња се будат од сон веднаш почнуваат со протегнување за да да ги активираат мускулите кои подолго време биле неактивни. Кога спијат, нивниот крвен притисок се намалува, исто како и кај луѓето. Протегнувањето служи за за активирање на мускулите и за зголемување на крвниот притисок кај овие домашни миленици.
kitten-pics41
Покрај тоа, со активирање на мускулите, тие ги истиснуваат токсините и останатите непотребни материи кои се собрале додека мускулите не биле активни.
Она што е посебно важно за овие миленици е дека тие всушност се протегаат пред било каква активност.
На пример доколку во непосредна близина се најде глушец или пак врапче, пред да тргнат во лов тие прво ќе ги протегнат мускулите во телото.

Интерсно зар не?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот