Дали знаете зошто часовниците на рекламите секогаш покажуваат исто време

0

Има една занимливост која можеби сте ја забележале на рекламите за часовници каде тие секогаш покажуваат исто време – 10 часот и 9 минути. Ако пак досега не сте обрнале внимание сторете го тоа на следната реклама која ќе ја погледнете.

Во некои случаи постои разлика, па стрелките можат да бидат 10 и 10 минути.

clock

За што всушност се работи? Причината се крие во маркетинг моментот. На тој начин најдобро се истакнува брендот на часовникот. Ако погледнете подобро, ќе забележите дека марката се наоѓа во горниот дел од часовникот.

А кога се стрелките наместени на тој начин подобро се истканува без да биде нападно, а сепак ќе се забележи. Уште една причина е што на овој начин се добива насмеано лице, уште еден момент кој влијае позитивно кај купувачите, а покажува дека маркетинг службите одлично си ја одработиле задачата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.