Дали знаете што значи да бидете родени во годината на мајмунот

0

Кинеската нова година почна вчера, а ќе заврши на 17 јануари 2017 година. Оваа година е година на мајмунот и е деветти циклус по ред според кинескиот хороскоп, каде секоја година е претставена со некое животно.  Иако во Кина се користи Грегоријанскиот календар уште од 1912 година, сепак кинеската нова година се слави според древниот лунарен календар – што значи дека почнува после зимската краткоденица помеѓу 21 јануари и 19 февруари.

Ова е најдолгиот кинески државен празник, кој трае 15 дена, а новогодишниот ден е најважниот во калнедарот. За децата кои ќе се родат оваа година се верува дека ќе бидат амбициозни и склони кон авантури, но и кон раздразливост. Секое животно од хороскопот има своја група на среќни предмети. Така, се верува дека белата, плавата и златната боја ќе донесат среќа во годината на мајмунот. Освен тоа, среќни броеви се четири и девет, а цвеќето кое носи среќа е хризантема.

Chinese-New-Yeardragon

Инаку кинеската нова година ја прославува 1/6 од светската популација. Освен во Кина, се слави во Сингапур, Малезија и Тајван, како и во земјите со голем број жители со азиско потекло. За време на новогодишната прослава, традиционлано се одржуваат паради каде има и змејови, препорачливо е да се носи црвено, бидејќи се верува дека тоа е бојата која го плаши митското чудовиште, Нихана.

Секој од тие 15 дена се слави различно, а кулуминацијата е петнаесетиот ден, за време на Фестивалот на фенерите, каде се пуштаат црвени фенери кон небото. Убава традиција на која редовно се приклучуваат и луѓе со неазиско потекло.

Pingxi_lantern_festival_chinese_new_year_cny_2014_taiwan_5-2_tilt chinese-new-year-lanterns1

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.