Дали знаете што прават мачките кога не сте дома?

0

Чувате мачка во домот? Ја оставате сама? Во тој случај треба да знаете што прави кога вас ве нема во домот.

Американското здружение на зоолози решило да направи едно истражување  и да дознаат што прават мачките кога сопствениците не се таму. Инсталирале камери во повеќе домови и дошле до многу интересни резултати.

Мачките најголем дел од времето го поминуваат гледајќи низ прозор(21,6%).

11,8 % од времето го поминуваат во друштво на други домашни миленици, додека 5% играат со играчките во домот. 7% од времето го поминуваат качувајќи се по мебелот.

Спротивно од очекувањата на истражувачите, мачките на спиење трошат само 6,1% од времето. Истиот процент го трошат на гледање телевизија, книги и дискови по полиците. 4% од мачките јадат  или се во потрага по храна.6,3% од времето го трошат на криење под столови, кади, мијалници и останато.

Времето кое го поминуваат во одредена просторија варира. Најмногу сакаат да седат во дневната соба, потоа во кујната, а најмалку во бањата.

Интересно е што и сопствениците биле изненадени од нивната послушност и умереност во активностите во нивно отсуство, што не е случај кога се тие дома. Тогаш ситуацијата е обратна и мачките сакаат полно внимание.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.