Дали знаете од кога датираат деликатесните продавници?

0

Деликатесни продавници или дели шопови се продажни места на кои има голем избор на необични и нови прехрамбени производи, кои не се карактеристични за локалното поднебје.

Нивните почетоци се од 18 век во Германија, а во САД почнуваат да се шират дури во средината на 19 век. Европските емигранти се најзаслужни за популаризирање на деликатесите во американската култура, почнувајќи од крајот на 19 век.

Delicatessen е германски збор кој бил позајмен од Англичаните и вметнат во англискиот јазик во 1889 година. Германците пак, го позајмиле од Французите- „délicatesse“ што значи „вкусни нешта“.

Корените на овој термин се всушност во латинскиот јазик, односно во придавката „delicatus,“што значи „задоволство“, „убаво“, „пријатно“.

Американците се тие кои први го скратиле зборот нарекувајќи ги „Deli“ во 1954 година.

Во Европа „деликатес“ значи високо квалитетна, скапа храна која може да се најде само во ваков тип продавници. Уникатни вкусови и производи што не можат да се сретнат во обични супермаркети.

Оливело е деликатесна продавница кој ќе понуди широк асортиман на посебни вкусови на маслинки, сирење, сувомеснато, вино и многу други производи кои ќе имате можност да ги пробате наскоро.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.