Дали знаете како настанал еден од најраширените спортови денес?

0

Се започнува во детството на Џозеф Пилатес – болно дете со рахитис и астма. Веќе во раните денови добива желба за здраво и функционално тело и дух. Ги изучувал животните, нивните движења и генералното функционирање на тој свет, за да дојде до заклучок дека животните во нивната природна средина не страдаат од астма, дебелина, недостаток на енергија … Тогаш, зошто се случуваат кај луѓето?

Желба за промена

Џозеф Пилатес имал верување дека луѓето треба да одат чекор наназад, гледајќи на функционирањето на мускулно-скелетниот систем. Чекор поблиску до животните. Своите ученици  во текот на 20-тите во Германија ги споредувал со слонови и мачки, верувајќи дека тој може да го трансформира човековото тело и да го изнесе животинското од секој, а со тоа и поголемата веројатност да се спротивстават на начинот на животот на модерниот човек. Веќе во свое време ја предвидел судбината на човештвото и уште тогаш за неговите сограѓани сметал дека се дебели, тромави, премногу болни и под постојан стрес.

Неговиот метод се одржува разумно многу години и се пренесува од генерација на генерација. Причината за тоа е сеопфатеноста и фокусот кон луѓето во целина – нивната душа и здраво тело. Пилатес не предупредува дека треба да знаеме како правилно да ги користиме респираторните мускули, грижата за хигиената, доволното спиење, правилната и умерена храна и се разбира, вежбањето. Како што и самиот вели:„Со вежбањето на органите им даваме „внатрешен туш” и на тој начин ги ревитализираме. Во исполнувањето на неговата амбиција, Пилатес се води од основните принципи на методата: концентрација, фокус, контрола на дишењето, прецизност и флуидност.

Почетоци

Историјата на Пилатес датира од времето на Втората светска војна. Џозеф работел како физиотерапевт во болница каде им помогал на ранетите војници. Дека бил човек пред своето време, докажал со конструирањето на посебни справи за вежбање на „Пилатес“ техниката. Неговата цел била што е можно побрзо и целосно да се заздрават војниците и започнал со изготвување одредени вежби, а набрзо потоа на болничките кревети почнал да врзува јажиња и пружини – кои подоцна му послужиле за изградба на своите први справи.

download

Некои од нив изгледаат на такви за измачување, но всушност се уникатни и многу внимателно смислени. Опциите им се бесконечни, но сите се дизајнирани со иста цел – да ја вратат функционалноста на телото, и развојот на силатата, издржливоста, флексибилноста, координацијата, рамнотежата и сите други моторни аспекти. Методата Џозеф ја именува „Contrology”, а во подоцнежните години, терминот го заменува со „пилатес“. Иновативноста на неговата техника го привлече вниманието на многу познати имиња, па за кратко време пилатес станува бренд.

Пилатесот денес

Есенцијата на класичниот пилатес остана иста, вежбите на Џозеф Пилатес наменети за неговите ученици се применуваат и денес како многу ефикасни и креативни, без оглед на возраста и физичката состојба. Со текот на годините методата Пилатес постепено интегрира нови знаења за биомеханичко функционирање на телото. Пилатесот е безвременска класика што никогаш нема да излезе од мода. Оние чие секојдневие не минува без пилатес добро знаат дека примената го менува личното доживување за себе и она што можете да го направите, не само физички, туку и ментално. Пилатесот може да биде авантура во животот само ако сакате.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот