Дали знаете дека во Шведска се живее најдолго?

0

Шведска за многумина е ветена земја, бидејќи на своите жители има нуди  идеални услови за работа и живот. Официјалното име на оваа земја е Кралството Шведска, нордиска држава во Скандинавија, во Северна Европа. Граничи со Норвешка на запад, Финска на североисток и со Данска на југозапад.

Главниот град Стокхолм брои околу 1,4 милиони жители и се простира на површина од 500 000 км2. 15% од земјата е покриена со вода, а низ неа течат 15 реки.

Еве уште неколку занимливости за оваа студена земја:

-Во поголем дел од земјата нема ѓубре, така што оваа земја мора да го увезува за да го продолжи процесот на рециклажа со кој произведува големи количества струја и гориво.

-Шведска има 9,8 милиони жители. 85% од нив живеат во градовите.

-Помеѓу 1850 и 1910 година повеќе од 1 милион Швеѓани емигрирале во Америка.

-Нобеловата награда се доделува секој 10 декември во Шведска и во Норвешка.

-Жените првото дете го раѓаат во просек на 30 години.

-Шведска има најголем број Мекдоналдс ресторани во светот.

-Целзиусовата скала има шведско потекло.

-Златната сала на Парламентот е обложена со 19 милиони позлатени плочки.

-Стокхолм е еден од градовите со најмногу музеи во светот, има повеќе од 70.

-Шведска е прва земја во светот по консумирање на млеко.

-Швеѓаните имаат најдолг век на живеење во Европа. Според едно истражување во 2006 година,  тие живеат во просек по 80,5 години.

-„Глоуб Арената“ во Стокхолм е најголемата сферна градба на светот, со пречник од 110 метри, внатрешна висина од 85 метри и вкупен обем од 600 000м3.

-Во Шведска има 90 000 езера.

– Државата нема учествувано во ниту една војна последниве 200 години.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот