Дали знаете дека шампањот кој го обожаваме денес е дело на жените од минатото?

0

Дали знаете кој го измисли шампањот што го обожаваме денеска?

Познати ви се имињата Clicquot, Pommery,Bollinger… Но дали знаете кој стои зад овие брендови?

Сите знаеме дека во 17 век калуѓерот Dom Perignon го создал најпознатиот шампањ во светот денес, но жените кои биле вдовици се тие кои што во тој период биле на чело на куќите кои правеле шампањ. Не само што биле дирекно вклучени во процесот на создавање, туку и биле креативно одговорни за уникатниот дизајн на шишињата

Зошто вдовици? Бидејќи за разлика од жените во брак во тоа време, ним им било дозволено да имаат свој бизнис и да бидат независни. Немажените и тие во брак зависеле од своите татковци и нивната дозвола, што не било случај со вдовиците.

Madame Clicquot била жената која што ја почнала големата револуција во производството на шампањ така што пропаднатиот бизнис за вино на покојниот сопруг го претворила во своја успешна бизнис приказна.

Иако, истакнатоста на шампањот е на Madame Clicquot,  всушност е создаден од друга жена, вдовица, нејзиното име е Jeanne Alexandrine Louise Melin. Додека била млада и мајка на две деца, сопругот има бизнис со вино, но починал и ја оставил својата сопруга да се погрижи за тоа. Таа решила да не прозведува црвено вино, туку да се насочи кон производство на квалитно пенливо вино, што се покажало како многу мудар чекор.

Мathilde Emilie Perrier не стигнала многу лесно тоа тоа да управува сама со производен бизнис за пенливо вино. Matilde го наследила бизнисот по смрта на сопругот, кој пак го наследил од неговиот работодавец Alphonse Pierlot, кој починал без семејни наследници. Matilde, веднаш решила да направи измени да се осигура дека шампањот кој ќе се произведува ќе биде по високи стандарди и квалитетет, а ќе го носи и нејзиното име.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.