Дали знаете дека најновиот телевизор е три пати потенок од смартфон?

0

Поголем, поквалитетен, посветол – ова сака да го постигне секој производител на телевизор кој се обидува да ја надмине конкуренцијата. И секако, да има што е можно повеќе пиксели за почиста слика.

Иако производителите во последниве години го ставаат акцентот на боите, тие се грижат и за формата. Па, екраните стануваат се потенки.

Компанијата LG неодамна го претстави моделот Signature Oled W кој е тенок само 2.57 милиметри, и повеќе наликува на постер за на ѕид, отколку на телевизор, барем според дебелината на екранот. Колку за споредба, најновиот модел на ајфон е дебел 7.1 милиметар, односно три пати подебел од овој ТВ екран.

Како е тоа можно? Всушност, многу е едноставно – сите конектори и сите неопходни елементи за работа на телевизорот се сместени во елегантна издолжена кутија со звучници (саундбар).

Екранот е многу лесен и се закачува на ѕид со магнети, а со звучникот е поврзан само со еден кабел.

Не се знае која е иднината, ама сегашноста е дефинитивно во „дебелината“ на екраните.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот