Дали знаете дека мозокот не прави разлика помеѓу реалноста и фантазијата?

0

Човечкиот мозок поседува повеќе можности отколку што ние можеме да замислиме. Може да се истренира да работи на друг начин, а тоа определува каков ќе ни биде животот.

Следните неколку факти целосно ќе ве изненадат и ќе го сменат начинот на кој ги гледате работите.

Мозокот не гледа разлика помеѓу реалноста и фантазијата

Мозокот реагира еднакво на се што мислите. Во таа насока, не постои разлика помеѓу објективната реалност и вашата фантазија. Заради таа причина се случува плацебо ефектот.

Ако мозокот мисли дека земате фармацевстки лек(наместо таблета од шеќер), тогаш реагира на неа во согласност со тоа што го мислите. Ќе испиете плацебо таблета, можеби апсирин и мозокот дава команда на организмот да ја намали температурата на телото.

Слично работи и ноцебо ефектот, само во споривна насока. Ако хипохондрикот вечерва гледа вести и слушне за појава на нова болест, тогаш може да почне физички да чувствува симптоми.

Добра вест во сето ова е дека ако го гледате светот низ розови наочари, веројатно ќе се чувствувате среќни заради големото ниво на серотонин, хормонот на среќа во крвта. Секоја конструктивна мисла или сон за светлата иднина може да ја подобри вашата физичка состојба овде и сега.

Вие го гледате тоа на кое најмногу мислите

На што и да мислите, тоа станува основа за вашето животно искуство. На пример, ако купите нов автомобил, тогаш ќе ги забележувате сите марки на автомобили во градот. Работата е во тоа што после купувањето. Често мислите на својот автомобил, а претходно не ви било пракса.

Зошто е ова важно да се знае? Излезот од која било стресна ситуација е можноста да го репрограмирате своето мислење. Од друга страна, ако пробувате да анализирате политичка ситуација која се емитува на различни медиуми, на различен начин, во тој случај ќе верувате на тие медиуми кон кои го имате наклонето вашиот став.

А дали некогаш сте забележале дека луѓето релативно брзо губат интерес за одредени работи? Позитивните луѓе често се дружат со исти како нив, а хипондричните со хипохондрици, зар не? Тоа не е случајно. Ако сакате да промените нешто во начинот на живот, почнете со промена на начинот на размислување?

Најголем дел од времето вашиот мозок работи по автоматизам

Просечниот човечки мозок дневно генерира 60 000 мисли. Но, повеќе од 40 000 се истите кои биле во главата од претходниот ден. Тоа е причина зошто е лесно да се препуштите на негативната перцепција на животот. Затоа треба вообичаената ситуација да ја менувате со нешто ново и непознато, за да го „исчистите“ мозокот.

Негативните мисли создаваат стрес и неспокој сами по себе, ситуација од која немате реална потреба.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.