Дали знаете дека кафето потекнува од Етиопија?

0

Кафето е пијалак кој секојдневно го консумираме наутро, попладне навечер, кога и да посакаме. Но, има неколку факти кои се интересни за кафето, ние ви ги носиме во продолжение.

  • Кафето изворно потекнува од покраината Kaffe на југот во Етиопија каде номадите го џвакале плодот. Идејата зрното кафе да се претвора во стимулативен пијалак исто така потекнува од Африка. Арапите го презеле овој обичај во 15 век и на подрачјето на денешен Јемен ја развиле дејноста за одгледување и извоз на кафе. Градот Мока станал средиште на трговијата со популарното зрно.
  • Најголемата сметка платена во „Старбакс“ за едно кафе изнесувала 23 долари.
  • Во 17-от век имало голема дебата околу тоа дали католиците смеат да пијат кафе, а им било дозволено откако Папата Климент VII рекол дека е во ред.
  • Луѓето кои патувале кој исток во 16 век се повеќе почнале да се интересираат за кафето. Лекар од германскиот град Аугсбург пишувал за кафето уште во 1582 година откако го пропатувал истокот на земјата. Венецискиот претприемач заклучил дека кафето може да биде добар бизнис и почнал да го нуди на почетокот на 17 век. Прочуената кафена „Флоријан“ е отворена во 1647 година. Другите градови брзо потоа почнале да го следат овој тренд.
  • Арапите и Турците ги криеле своите методи за одгледување на кафе како да се работи за државна тајна. Но, локалните трговци со помош на подмитување успеале да ги добијат тајните рецепти.
  • За време на Втората светска војна, американските војници го правеле еспресото разредено со вода бидејќи им било премногу јако.
  • Теодор Рузвелт, американски претседател, пиел по 1 галон (3,8 литри) кафе секој ден.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.