Дали знаете дека има земја која прима само богати луѓе

0

Во елитните клубови можат да влезат само одбрани лица, потковани со педигре и пари. Таму не може да се појави кој било и да биде дел од високата класа. На вратата секогаш постојат луѓе кои го одржуваат редот и внимаваат кој доаѓа, влегува и излегува.

Ова социјално правило сака да го примени претседателот на пацифичката држава Палау. Причината за тоа е што оваа земја има многу природни богатства кои тој не сака да ги гледаат сите.

Претседателот Томи Ремингесо има за цел да воведе закон кој ќе овозможи изградба исклучиво на хотели со 5 ѕвезди, што значи дека оваа земја ќе биде место за одмор само за најбогатите.

Тој смета дека масовниот туризам е штетен за природата на секоја земја, посебно за Палау каде таа била многу дарежлива. Тој сака да го примени правилото „квалитет пред квантитет“ и со тоа да ги заштити природните богатства.

Ремингесо почнал да размислува за оваа можност откако во последните неколку години бројот на туристите се зголемил. Токму затоа и бројот на чартер летови од Кина е ограничен.

Палау е островска земја лоцирана во западниот дел на Пацифичкиот океан.  Вклучува приближно 250 острови, формирајќи го западниот ланец острови наречени Керолин. Најпопуларниот остров е Кород. Инаку, Палау граничи со Индонезија, Филипини и Федеративната држава Микронезија.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот