Дали знаете дека има пет фази во љубовта? Ние обично заглавуваме на третата

0

„Ми се чини дека тој/таа не е за мене“ е фраза која често ја слушаме како објаснување кога некој ќе раскине, така? Можеби и самите себе сме си го кажале неколку пати досега. Фино оправдување.

А сепак, пријателите и луѓето околу биле убедени дека вие бевте совршената двојка. Сигурно во еден момент и самите си го мислевте тоа, што е сосема во ред кога врската е во почетна фаза.

И потоа завршува, а вие сте затекнати како може, навидум совршена љубов да заврши туку-така и да се сведе на ништо?

Познатиот психолог, Џед Дајмонд после 40 години клинички истражувања на темата, дошол до заклучок дека најголем дел од луѓето ја наоѓаат онаа една вистинска љубов.

Но, проблемот е во тоа што не можат да ги издржат сите 5 фази на љубовта.

Ајде да видиме кои се:

Фаза 1: Заљубување

Кога се заљубувате, тоа е најубавиот момент од врската. Летате некаде во облаците каде сè е во боите на љубовта. Ова е период кога ги проектирате сите желби и надежи на партнерот. Тој веднаш станува идеалната личност за вас. Верувате дека тој/таа нема никакви маани, верувате дека секогаш ќе може да ги исполни очекувањата и желбите. Ниту еден скептичен и негативен коментар не допира до свеста.

Фаза 2: Пар

Во оваа фаза, љубовта станува се посилна, а заедничките излегувања навечер кои се апсолутно фантастични, ќе ги замените со заедничко живеење. Вие сте веќе пар. За запознавате подобро, а присуството и на едниот и на другиот почнува да влијае на секоја сфера од животот. Ова е време на единственост и радост. Во некој момент од врската и заедничкиот живот, после месеци или можеби и години, ќе почне да се чувствува отсуството на деца. Уште еден момент кој ве поврзува уште повеќе. Се чувствувате заштитени и посакувани. И да, верувате дека сте ја нашле личноста за вас – дека ова е врската која ви била судена.

Фаза 3: Разочарување

Ова е период кога надежите почнуваат да спласнуваат. Ова е е време кога добивате впечаток дека чувствата можат да исчезнат и никогаш да не се вратат. Дека вашиот партнер станува целосно предвидлив и дека однесувањето почнува да ви оди на нерви. Имате чувство дека сакате да раскинете и дека тој/таа не е личноста за вас.

Фаза 4: Креирање вистинска и долготрајна љубов

Ако ги затворите очите и силно се обидете да продолжите понатаму и покрај одбивноста, тогаш сте на добар пат да ја надминете третата фаза и да преминете на следната. Вашиот ум ќе го ослободите од претходните проекции и визии за иднината од раните фази. Личноста која стои пред вас, не е онаа која ја замисливте и идеализиравте, но тоа е вистинска личност, не е ваша проекција. Вие прифаќате – и што поважно – ги разбирате неговите недостатоци. Па, имате и вие ваши сигурно! Сега е време да ги залечите раните и да преминете на следната фаза.

Фаза 5: Ја користите двојната моќ за да го промените светот

Сега веќе знаете дека можете да ги надминете разочарувањата и да најдете поголема длабочина во врската, да и дадете долготрајност. Ќе дојдете до еден ослободувачки заклучок:

Вие двајца имате моќ да го смените светот!

Вие двајца не чекорите низ животот само за да постоите, туку вие го живеете вашето партнерство за многу поголема цел. Заедно создавате, влијаете и можете да направите што ќе замислите.

Откако ќе ги поминете сите 5 фази, тогаш можете да кажете – Ова е личноста за мене!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.