Дали знаете да кажете „Не“ на работното место?

0

Често се наоѓаме во слични ситуации на работа и приватно, но, дали знаете да речете „Не“?

Доколку превземете повеќе обврски на ваша одговорност тогаш ќе имате помалку време за вашата работа. Кога сакате да помогнете некому или пак да му излезете во пресрет обрнете внимание тоа да не стане секојдневна навика на вашиот колега или пак надлежен.

Новите предизвици на работа може да бидат интересни но, Вие треба да ја процените ситуацијата доколку се најдете во тесно.

Дали знаете да кажете „Не“?

Доколку немате приоритети од работните обврски и доколку се трудите да ги исполнувате туѓите, или пак на надлежниот, луѓето ќе формираат погрешно мислење за Вас. Потрчко кој би направил сè за да ги задоволи надлежните. Тоа не го сакате, нели?

Упорноста и ентузијазмот во работата се цени, исто така и Вашите претпоставени ќе го ценат Вашиот одговор доколку речете „не“, а притоа се ангажирате да си ја завршите Вашата работа за која се наоѓате таму.

Поставете си граници за работата која што Вие ја вршите и работата на другиот кој ви бара услуга.
На тој начин нема да се чувствувате виновни бидејќи вие едноставно ја вршите Вашата задача. Границата помеѓу обврските кои Вие ги имате и оние кои не се Ваши ќе ја одредите многу едноставно. Колку мислите дека вредите?
Тоа ќе ја зголеми почитта кај вашите колеги и надлежните со што ќе им дадете до знаење дека не може да Ве манипулираат за било какви задачи.

Моќта на „Не“, во дадени ситуации значи многу особено на работната позиција.

Индиректно „Не“

Доколку не сакате да работите на одреден проект тоа може да го изведете на индиректен начин. Опфатете ја темата за проектот и зошто овој проект може и да не е толку добра идеја, или пак, дадете објаснување крајниот реултат кој може и да не е позитивен . На тој начин ќе им дадете до знаење дека не сакате да бидете дел од тој проект.

Имам премногу работа

Ако навистина имате многу работа и обврски и немате дополнително време за било каква задача, тогаш не се трудите да го скриете тоа, бидете јасни. Вашите претпоставени сакаат да сте ефикасни во работата, поради тоа не би имало причина за други објаснувања. Останатите оврски сигурно не се побитни во однос на она што Вие го работите. Ниту еден шеф не би сакал поради други обрски завршената задача да е целосно погрешна. Фокусирајте се на она што го работите.

Директното „Не“ има свој ризик

Доколку сакате да се обратите некому директно со „Не“, нека тоа биде реткост. Најчесто тоа си го допуштате со луѓето што сте блиски и чувстувате поголема слобода, или пак со фамилијата.

Запомнете дека како што Вие не сакате грубо некој да Ве третира, истото важи и за нив.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот