Дали знаете што значи позицијата на спиење кај вашето куче

0

Можеби досега не знаевте, но и начинот на кој спие вашето куче кажува за неговото расположение и состојба.

Сигурно веќе знаете дека постојат многу начини на кои покажува дека ве сака, дека се радува на вашето присуство, но постојат дополнителни физички показатели на кои треба да се обрне внимание.

Овојпат, ви пишуваме за позицијата на спиење.

1.Спиење на страна

sleeping-dog1

Многу кучиња сакаат да спијат на страна. Како што велат стручњаците, ова е поза за одмор и мир. Ако вашето куче сака да спие на овој начин тоа покажува дека е задоволно, се чувствува пријатно во својата околина, се чувствува сигурно во себе. И доколку се случи да се разбуди наеднаш и да скокне, тоа значи дека се поставува заштитнички кон вас, драго му е што се наоѓа во ваше друштво и има голема доверба во вас.

2.Стуткана поза, поза на лисица

the-snuggly-fox__1474360432_77-28-105-69

Ова е една од најчестите позиции на спиење. Нивните шепи се сместени под телото, а опашот е замотан околу вратот кај главата. Инстинктивно, вашиот миленик ја одржува топлината и си ги штити нозете. Кучињата кои спијат на овој начин се нежни, имаат кроток пристап и ретко можат да бидат агресивни.

3.Супер кутре позиција

superman-sleeping-position

Кучињата сакаат да спијат на стомак, но “супер куче” позата е ги прави неодоливи што ги видите. Изгледаат како да летаат со истегнатите раце и нозе. Преслатки се. Оваа позиција им овозможува брзо да станат во случај да ги повикате и да скокнат веднаш штом се разбудат. Кучињата кои спијат во оваа позиција лесно се мотивираат и имаат супер енергија

4.Луди нозе позиција

sleeping-on-back

Можеби ви изгледа чудно оваа позиција, но нема потреба да се грижите бидејќи тоа е показател дека вашето куче е самоуверено и дека му одговара окружувањето во кое живее. Кучињата кои спијат во оваа позиција обично се многу опуштени и независни.

5.Онесвестена позиција

sleeping-puppy-5__605

Тука и самото име кажува се. Кога кучето ќе реши да се опушти, ќе потоне во длабок сон, често се случува да ја има оваа позиција. Ако било активно во текот на денот, потрошило многу енергија или едноставно сака да се опушти целосно, тогаш спие на грб. За овие кучиња се смета дека се лесно адаптибилни на промени и нови ситуации, но се и многу сигурни во себе.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот