Дали вашиот партнер е женкар?

0

Ова е лесен начин да дознаете дали вашиот нов партнер е женкар….

Понекогаш се случува да направите погрешен избор кога е во прашање изборот на партнер. На почеток ви се чини дека сите мажи се совршени, а штом се опуштите малку, вистинското лице излегува на виделина.
Ако се сомневате дека вашиот партнер може да е женкар еве неколку начини да ја потврдите таа теорија…

1. Повици и пораки
Реткото одговара на вашите повици и пораки: ова е доволен знак дека нешто не е во ред и дека вашиот партнер нешто чува во тајност. Покрај тоа обрнете внимание и на времето кога се гледате. Ако најчесто се гледате во фиксно време, тогаш дефинитивно треба да се сомневате.

2. Премногу изгледа „нереално“
Ако вашата интуиција кажува дека неговата преголема љубезност и шармантност не се толку искрени како што тоа изгледа, подобро веднаш разделете се од него, бидејќи веројатно сте во право.

3. Профил на социјалните мрежи
Социјалните мрежи денеска се најдобар извор на информации. Ако сакате да дознаете нешто повеќе за личноста со која сте, а притоа се сомневате дека излегува и со друга девојка, преку неговиот профил ќе дознаете се или барем дел од вистината.

4. Никогаш немал сериозна врска
Ако никогаш до сега не бил во сериозна врска, две работи се сигурни: или не може да е само со една девојка или пак е тип што постојано има проблем со жените.

5. Постојано дели комплименти
И покрај тоа што ви пријаат комплиментите кои ги добивате од страна на момците и сакате да ги слушате, сепак постои некоја граница. Ако постојано ве фали, дури и кога нема причина за тоа, може ја корсити својата слаткоречивост за да ве одвлечка во кревет.

6. Ретко ви го спомнува името
Ако воопшто не го спомнува вашето име или прекар, дефиинитивно не е заинтересан доволно за вас.

7. Лоша репутација
Ако дечкото е женкар, тогаш сите ќе го знаат тоа бидејќи таквите личности обожуваат да се фалат и да се покажуваат во друштво, покрај тоа често се видени со различни жени. Слушајте ги пријатели што ќе ви кажат и не паѓајте на неговиот шарм.

8. Често вели „ние“
Ако уште на почеток на врската постојано ви говори за заеднички патувања, за заеднички живот, бидете доволно свени да забележете дека претерува.
Ова е дополнителен трик што женкарите го користат .

9. Ретко и малку говори за себе
Ако не сака да зборува за себе и постојано менува тема кога ќе го прашате било што за неговиот живот, тогаш има нешто што не сака да сподели или пак самета дека нема потреба многу да објаснува за себе.

Пред ваквото однесување не затварајте очи и бидете внимателни со овие мажи.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар