Дали тајно ги читате пораките на мобилниот од вашиот партнер?

0

Дали тајно ги читате пораките, дали некогаш сте го правеле тоа или планирате да го правите? Дали некогаш сте се запрашале колку е исправно тоа и што би помислил вашиот партнер/партнерка ако дознае?

Во студија направена во 2012 година, истражувачите од Нокс, Истерлинг дознале дека 2/3 од учесниците тајно ги читаат пораките на телефонот од нивниот сакани, пишува Psychology Today.

Ризикот кој доаѓа со овие потези носи дополнителни проблеми бидејќи што и да прочитате секогаш ќе го сфатите двосмислено, а тоа ќе предизвика љубомора.

Од гледна точка на психолозите, љубомората, без разлика во која форма се наоѓа, има една цел: да ги штити партнерите и врската од можни “напади” од надвор, т.е губење на партнерот.

13412964_10210277088111454_6071907975826851004_n

Се наметнува уште едно прашање: кои видови на пораки предизвикуваат љубомора?

За мажите тоа се пораките со сексуална конотација, оти за нив сексот е најголемото неверство. За жените, љубомората почнува на емотивно ниво бидејќи ризикот од долгорочна приврзаност за нив е пострашен.

Дали партнерите имаат простор за паника и страв? Да, имаат. Во Велика Британија во 2013 година уште едно истражување на оваа тема докажало дека од 2400 испитаници, во 41% од нив, неверството било откриено преку мобилен телефон. Вториот начин е преку социјалните мрежи и допишување меѓу себе.

Интересно е што и при рутинска проверка на телефонот на партнерот може да се најде порака која ќе ве наведе да помислите дека нешто се случува.

Се сведува на тоа, колку сакате да знаете и колку сте решени да одите до крај.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот