Дали светлото во домот е доволна заштита од крадци

0

Сакате да си легнете и за да заспиете го исклучувате светлото во собата. Во тој момент забележувате дека светлото на соседот кој не е дома, е вклучено и размислувате дали тоа е заради безбедност од крадци?

Барајќи во интернет форуми, забележувате дека поделено е мислењето на луѓето во однос на ова прашање. Некои велат дека дефинитивно треба да се остави светлото, други велат дека тоа не сигурна заштита, трети пишуваат дека се случува да остават и алишта на терасата како мамка дека има некој дома.

Некои студии покажале дека во едно класично американско соседство, просекот на кражби бил намален ако улицата е добро осветлена. Но, светлата не се решечавачки фактор во кражбата. Можеби крадецот е добар пријател на вашиот сосед, па ќе ги добие сите потребни информации од него. Така што, оставеното светло во овој случај нема да биде од корист.

Дури генералното мислење е дека ако некој ги остава светлата вклучени 24/7 на тој начин ќе го привлече вниманието многу повеќе на крадецот, за разлика од останатите.

Како најефикасни се препорачуваат светлата кои реагираат на човечка активност односно работат на принципот на сензори. Исклучени се, се додека не доближи човек до нив и во тој момент проектираат силна светлина која ќе го привлече вниманието на сопственикот ако е дома, но и на останатите соседи кои живеат во близина.

Според американска статистика на ФБИ, најголем дел од криминалот се случува во текот на денот. Луѓето кои имаат вграден алармен систем не се свесни за ова и во текот на денот го исклучуваат што се покажало како голема грешка.

Во Македонија препораките за безбедност се однесуваат на тоа да се затвораат сите врати и прозорци во домот, да се негуваат добрососедските односи, да не се дозволува непознато лице да влегува во домот и секоја сомнителна ситуација да се пријави во полиција. Во секој случај, ако вам ви претставува сигурност плус оставањето на светло во домот навечер, во тој случај направете го тоа без двоумење.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.