Дали сте слушнале за „Бејби ботокс“

0

Бејби ботокс третманите содржат минимални дози на ботокс и се употребуваат на вообичаени подрачја. Резултатите се многу слични како кај нормалното дозирање, но сепак овозможува подвижност на лицето, односно природен изглед. Пациентот би требало да го повтори третманот после 2 месеца.

Овој третман на пациентите им дава можност за избор. Ако пациентот сепак ја сака вообичаената доза, може да се одлучи и за тоа. Всушност за овој третман се одлучуваат оние пациенти кои сакаат да го чувствуваат дејството многу пократко и оние кои сакаат да имаат мали промени на изгледот.

Терминот потекнува од САД, а настанал кога филмскиот режисер Мартин Скорсезе се жалел на замрзнатиот изглед на актерите, бидејќи не можеле да ја доловат емоцијата која ја сакал тој. Многу од нив почнале да бараат третмани со ботокс кои нема да им сметаат, да им пружат природен изглед кој нема да им пречи во остварување на улогата.

Како се применува?

Ботоксот се се применува на тој начин што се аплицира во многу мали количини и блокира многу мали области од лицето. На тој начин се намалуваат брчките од лицето, а сепак мускулатурата е во функција.

Делувањето на препаратот е локализирано само на делот каде што е аплициран. Самиот процес е безболен и се вбризгува со тенки игли.

Местата на кои се аплицира е на челото, каде што има брчки и на страничниот дел на очите, над усните, нерамнините на брадата и брчките на вратот.

Ботоксот делува после два или три дена по апликацијата, кога е забележлив  првиот ефект. Подмладувањето на лицето се одвива постепено и може да трае и до месец дена.

Ова е уште еден чекор понапред до доближување кон совршениот изглед за кој мечтаат ѕвездите на Холивуд.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот