Дали сте скржавец или штедливец?

0

Внимавате на секој потрошен денар, два пати размислувате пред да посегнете по паричникот, па дури и кога се во прашање основни работи? Дознајте дали вашиот однос кон парите влијае врз животот повеќе од што сте мислеле. Дали сте штедливец или скржавец?

Дали некогаш сте се запрашале дали во моментите кога внимателно планирате каде ќе ги потрошите тешко заработените пари, каде е границата меѓу скржавоста или штедливоста? Како овој однос може да влијае врз вашите врски со пријателите или семејтвото?

Голем дел од луѓето одржуваат одговорен однос кон парите, но имајте на ум дека никој не сака скржавци во својата близина.

Неколку знаци кои од штедливец може лесно да ве претворат во скржавец.

Роденденските подароци ги купувате на распродажба и обично и не внимавате што е тоа што ќе го купите.

Тоа е веќе скржавост. Вистински пријател точно знае што може да го израдува својот пријател, па потоа ќе го побара подарокот по пониска цена. Тоа е штедливец, но не и скржавец.

Купувате исклучиво ефтини работи.

Тоа значи дека не внимавате на квалитетот, единствено внимание обраќате само на цената.

Но, доколку сте ја слушнале изреката “немам доволно пари да купувам ефтини работи“, може е време да ја примените. Неквалитетните работи ќе мора постојано да ги заменувате со нови, а со тоа воопшто и не заштедувате.

На гости и забави доаѓате со “празни раце“.

Колку пати сте отишле некаде на гости, можеби за првпат без да однесете никаков подарок во знак на внимание? Добро размислете, тоа е еден од знаците кои укажуваат на тоа дека со сигурност сте скржавец. Додека вашите пријатели кај вас носат шише вино или можеби некое слатко, вие постојано имате изговор зошто не носите ништо со вас.

Се расправате за сметката во ресторан

Ако сте од оние кои не би сакале да се подели сметката во ресторан на еднакви делови бидејќи сметате дека така ќе потрошите повеќе, тогаш со сигурност сте скржавец. Штедливец би ја поделил сметката со пријателите, едноставно предложувајќи да се појде во ресторан со пониски цени.

Чувате непотребни работи во домот

Собирајќи “ѓубре“ или непотребни работи во домот, мислејќи дека некогаш ќе ви затребаат може да значи дека сте скржавец. Сосема е во ред да се чуваат работите кои со сигурност ќе ги употребите, но не и сe.

 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.