Расположени сте за еден „селфичино“?

0

Нова, интересна локација на Оксфорд стрит, Лондон!
„The Тea Тerrace“ која се наоѓа во „House of Fraser“ нуди одлично кафе кое го нарекоа „Селфичино“ – капучино со вашето селфи.

Процесот е многу едноставен – пратете го вашето омилено селфи преку апликацијата WhatsApp, а тие вашата фотографија ќе ја прилагодат на пена, со посбен апарат кој го исцртува вашето лице!
Цел процес трае 4 минути.

Сигурно ќе се запрашате за цена?! Тоа би ве чинело околу 350 / 400 денари.

Инаку ова не е првото место во светот каде би можеле да го испиете ова кафе. Нормално, во Јапонија овој тренд се пратикува веќе неколку години.

Извор: prva.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.