Дали сте искрени во светот полн со лаги?

0

Како малечки не учеа дека секогаш треба да ја зборуваме вистината. Иако тоа некогаш ни го повторуваа и по неколку пати во текот на денот, често знаевме да кажеме по некоја бела лага.

Но, децата растат и продолжуваат да кажуваат лаги и да ветуваат невозможни работи.

Само сетете се, колку пати досега вашата доверба била изиграна од страна на возрасен човек? Колку пати досега ве излажале? Не можете да се сетите на сите ситуации, многу се.

Во време кога лагата и лицемерието ни се на секој чекор, убаво е да бидете искрени.

Да му покажете на светот дека ја сакате вистината и дека сакате да ја зборувате. Од вас, нека излегуваат само вистински зборови во вистинско време.

Колку и некогаш да боли бидете искрени. Најнапред кон себе! Немојте да се залажувате дека сте среќни ви врската кога свесно знаете дека таа е осудена на пропаст. Истото важи за вашите расходи. Не се залажувајте дека така лесно ќе покриете минус во износ од цели две месечни плати.

Па, бидете искрени кон другите. Нека боли некогаш. Вистината боли некое време, па разната зараснува. Лагата боли цел живот.

Бидете искрени во време кога малкумина се. Бидете еден од тие малкумина за да ја вратите вербата во човештвото.

Учете ги и вашите деца да бидат искрени. Тоа е најголемото богатство кое може да им го оставите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот