Дали се ефикасни антибактериските сапуни?

0

Едно истражување спроведено во Универзитетот Аризона покажало дека антибактериските сапуни не се корисни бидејќи повеќето луѓе ги користат на погрешен начин.

Нивната популарност расте секојдневно, ама тие треба да се користат само во болниците каде луѓето знаат како да ги употребат, а се сосема некорисни во секојдневната употреба.

handwashing

За да се уништат бактериите, рацете треба да се мијат со антибактериски сапун од 20 до 30 секунди, а повеќето луѓе тоа го прават само шест секунди. Затоа дејството на антибактериските сапуни е исто како и на обичните.

Според д-р. Халден од Универзитетот Аризона, постојат докази дека некои хемикалии во антибактериските сапуни можат да влијаат на нивото на хормони во организмот, па затоа производителите на антибактериски сапуни во САД мора да докажат дека сапуните се и ефективни и безбедни за употреба.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар