Дали сакате повеќе планина или море: Изборот ја дефинира вашата личност

0

Размислете за вашите неколку одмори наназад, дали тие вклучуваа автомобил, плажа, песок, сандали и пешкири или пак планинарски чевли, шал и планински куќи.

Истражувањата покажуваат дека изборот на дестинација и место за одмор може многу да каже за нас како личности.

Резултатите покажуваа дека оние кои се интровертни, повеќе се одлучуваат за планина и одмор меѓу дрвја. Екстровертните личности пак, се повеќе склони кон плажа, вода и сите социјални аспекти на интеракцијата.

wallpaper-on-sea-by-mountain-bike__1467460228_77.28.148.213

Кога станува збор за географија, нашата личност навистина доаѓа до израз.

Интровертните луѓе ги сакаат осамените места каде интеракцијата е ограничена. Тие сакаат да бидат со своите мисли на само и да се посветат себеси на тој начин. Другата половина од луѓето, поотоворените уживаат максимално во интеракцијата.

Но, стручњаците велат дека улогите треба да бидат поставени обратно токму заради природата на личноста за да искусат како е да се биде на место кое не е прв избор, што на почеток веројано ќе им донесе непријатно искуство.

STN2404S1_333350k

Што се однесува до другите фактори како што се возраста, полот и расата, тие не играат никакво значење при утврдувањето на личноста која избрала планина или плажа.

Планината е избор на луѓето кои сакаат да патуваат сами, да истражуваат и да откриваат нови места. Тие кои ја избрале плажата не сакаат премногу активност во изборот на место за одмор, туку сакаат да се посветат на одморот во целост.

На крај, се наметнува прашањето: Што доаѓа до израз прво – карактерот или дестинацијата. Истражувањата покажале дека изборот на местото е тоа кое доаѓа до израз, а потоа дефиницијата на личноста.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.