Дали рибите спијат?

0

Рибите живеат само во водена средина и на многумина од нас некако ни е нејасно како тие можат да спијат, кога постојано треба да пливаат во водата.

Најголем дел од рибите навистина спијат, но не добиваат онолку сон колку што навистина им треба.

Најчестите аквариумски рипки, зебрастите рибички немаат очни капаци и нивното спиење е условено од надворешните услови. Но, тие можат да спијат, а од друга страна пак, научно докажано е дека можат да преживеат и бессони ноќи.

Речиси сите риби поминуваат време во состојба на заштеда на енергија која може да се нарече „одмор“, или пак „сон“ иако е различна од спиењето на повеќето копнени животни.  Многу риби се одмораат навечер покрај карпи или трупци во водата. Рибите во коралните гребени се активни за време на денот, а во текот на ноќта се кријат во пукнатините на гребенот за да се сокријат од предаторите.

Однесувањето на рибите кога одмораат е многу поразлично од однесувањето во остатокот од денот. Многу видови на риби кои се многу активни за време на денот се закотвуваат и остануваат неподвижни во плитка вода.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот