Дали Папата Јована навистина постоела

0

Во периодот  од 855 до 858 година, помеѓу владеењето на папите  Лео IV и Бенедикт III, постои временски период во кој постои празнина, односно не се знае кој папа владеел. Во ниту еден документ или историска книга во билблиотеките на Ватикан не постои податок за владеење на било кој папа во тој период. Некои веруваат дека тој период никаде не е заведен бидејќи на чело на Римокатоличката Црква била Папата Јована.

Легендата за папата Јована е приказна за жената која станала папа и владеела со Католичката црква нешто помалку од три години низ средината на 9 век, помеѓу папата Лав IV и Бенедикт III (иако меѓу нив според подоцнежните историските извори имало само два месеци разлика).

papa jovana (1)

Папата Јована е позната од легендите кои кружеле низ Европа во текот на средниот век. Според легендите, Јована била ќерка на англиски мисионер која како Јован Англикус во средината на 9 век седнала на папскиот престол.

Според легендата, таа била Англичанка, која се вљубила во свештеник  од редот на свети Бенедикт, се преоблекла како маж и му се придружила на неговиот ред. Откако се здобила со големо образование, заминала за Рим, каде што станала кардинал и потоа папа. Во најраната верзија на приказната, била бремена додека додека траел изборот и се породила за време на поворката кон катедралата, за што била избркана од Рим и каменувана до смрт.

papa jovana

Многу модерни историчари и теолози ја сметаат за измислена личност, настаната како сатира на корумпираноста на свештенството и падот на моралот кај тогашните црковни водачи.

Приказната за папата Јована е позната од хрониката на Мартин од Опава од 13 век, напишана 500 години по наводното постоење на папата Јована. Стручњаците денес го негираат нејзиното постоење, но во оваа приказна многумина верувале со векови, меѓу кои имало и припадници на високите католички кругови. Современата историска наука тврди дека нема никакви докази дека жена станала папа.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот