Дали носењето високи потпетици ги зајакнува листовите?

0

Девојките кои носат високи потпетици многу добро знаат дека добрите штикли се еднакви на инстантна инекција со самодоверба. Визуелно ги продолжуваат нозете, го подигнуваат глутеусот и го трансформираат секој аутфит од кежуал во шик.

Но секој пат кога одите во омилениот пар потпетици, поготово ако се повисоки од 7 сантиметри, вашите нозе малку по малку трпат неповратна штета: грчеви во листовите, болни стопала и мускули се само некои од видливите знаци дека во високи потпетици сте провеле премногу време. Па дали болката во листовите значи дека сте одработиле еден добар тренинг за нозе, и дека со време мускулите на листовите ќе ви станат поголеми?

Марко Наричи, професор на Манчестер Метрополитен универзитетот, успеал да собере група на жени кои носат секој ден потпетици повисоки од 5 сантиметри барем две години, и кои се чувствуваат неудобно во рамни обувки. Над нив спровел истражување кое требало да ги спореди мускулите и тетивите на оваа група на жени, наспрема жените кои никогаш не носат потпетици.

Подржано со магнетна резонанца, ова истражување докажало дека листовите на едните и на другите жени не се разликуваат во ништо освен во една работа-жените кои носат потпетици имаат пократки мускулни влакна и подебели и помалку флексибилни тетиви. Овој резултат не е неочекуван ако се земе во предвид дека потпетиците не им дозволуваат на мускулите правилно да се идолжат при одењето. Од друга страна, жените кои носат потпетици од 10 или повеќе сантиметри сериозно ја загрозуваат функцијата на мускулите и има многу поголем ризик од повреди. На кратко кажано-носењето потпетици не ги зголемува мускулите, но ги скратува тетивите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.