Дали ноќните креми за лице ни се потребни?

0

Многу од нашите омилени креми за лице имаат две варијанти: дневен и ноќен крем.

И додека многу од жените се во дилема дали навистина се потребни и дневниот и ноќниот крем, дерматолозите и козметичките експерти се едногласни – за здравјето и убавината на нашата кожа подеднакво ни се потребни и двете креми.

Ноќниот крем ја хидрира кожата, го стимулира создавањето на колаген и ја подобрува циркулацијата на крв што доведува до тоа брчките да бидат помалку видливи, ја омекнува кожата и го забавува процесот на стареење.

Како да го одберете правилниот ноќен крем за лице?

Кога бирате ноќен крем, внимавајте тој да не биде премногу густ како не би ви ги затворил порите за да може кожата во текот на ноќта слободно да дише. Одбирајте креми без парфеми, парабени и ароми.

На кои состојки треба да обрнете внимание?

Внимавајте вашиот крем да ги има следниве состојки:

Витамин Е – се бори против штетните ефекти на слободните радикали и има голема улога во ревитализцијата на кожата и го стимулира создавањето на колаген кој ја одржува кожата – млада.

Хијалорунска киселина – таа е одлична за хидратација на кожата и ги намалува брчките.

Ретинол – состојка која успешно се бори против првите знаци на стареење, ја намалува пигментацијата на кожата и го намалува ефектот на штетните УВ зраци.

Како правилно да го нанесувате ноќниот крем?

Ноќните креми мора да ги нанесувате на лице кое е измиено и исчистено од шминката и сите нечистотии кои во текот на денот се насобрале на него. Кремот нанесувајте со тапкање на лицето, а потоа втријте го со благи кружни движења за кожата да ги прими максимално сите хранливи состојки од кремот.

Не заборавајте да бидете упорни и резултатите нема да изостанат!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар