Дали некогаш сте се запрашале колку пари е да се изнајми стан на Менхентен, некое убаво место како оние од сериите? 

0

Во сериите како „Sex and the city“, „Friends“, „Big Bang Theory“ гледаме убави станови, на уште поубави локации, удобни и средени, а секогаш се прашуваме дали цените би биле астрономски или пристапни за стандардот на хероите од тв серијата.

Вистината е дека за некои од нив треба да се издвои мало богатство, а некои се со пристапни цени.

Станот на Кери Бредшо

Станот на Кери Бредшо, иако не е голем, се наоѓа на убава и популарна локација, во делот од Менхетен под називот Вест Вилиџ, место кое е вклучено во редовната туристичка тура низ Њујорк. Пред 4 години, станот беше продаден за 9.85 милиони долари.

Во реалноста, Кери тешко дека би можела да си го дозволи овој стан како колумнист во весник.

Станот на Моника Гелер од Friends

Иако внатрешноста на станот е наместен филмски сет за потребите на серијата, прочуеното место Central park, кое всушност не ни постои, се наоѓа во близина на зградата на ‘пријателите’ која е припаѓа на најскапиот дел во Њујорк – Гринвич Вилиџ. За да се изнајми или купи, треба да одвои голема сума пари.

За да добиете комплетна претстава за цените, погледнете ја листата во продолжение:

How I met your mother – 3.700 долари месечно

files

Will and Grace – 6.750 долари месечно

files-1

Sex and the city – 2.700 долари месечно

files-2

New girl – 2.500 долари месечно

files-3

Friends – 4.500 долари месечно

files-5

Како ви изгледаат цените?

Извор: elle.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот