Дали навистина постои професија од соништата?

0

Мнозинството луѓе, го живеат својот живот со прилично нереални очекувања и идеи во врска со тоа што би била нивната професија од соништата. Посакуваната професија е различна кај секоја индивидуа, но заедничко на сите тие луѓе им е тоа што никој од нив во моментот не се бави со посакуваната професија. Се чини како да е секогаш тука некаде, на дофат, но треба да бидеме свесни дека тоа е сепак сон, не реалност. Но да видиме што е тоа професија од соништата, дали навистина постои по една за секој човек?

Што е тоа професија од соништата?
Секоја индивидуа има своја дефиниција за тоа што значи овој поим, и свои лични фактори кои одлучуваат колку блиску до нивниот идеал е таа работа. За некој тоа е работа која на крајот од месецот ќе му донесе голема финансиска добивка, додека пак на некого финансискиот момент и не му е толку многу важен, многу повеќе го привлекува помислата да работи нешто што сака без притоа да му го одвлекува нешто друго вниманието.

Дали постои само една таква професија за секој човек?
Една од најпогрешните помисли која ја имаат повеќето луѓе е тоа дека за секој од нив постои само една вистинска професија која би сакале да ја работат и би ја работеле со успех. Вистината е дека за секој човек постојат огромен број на професии во кои би се снашол одлично и би го направиле среќен, нормално доколку се вложи труд. Но не може вашата работа да ве направи среќен, тоа го можете само вие. Па затоа, работете вредно и посветено, барајте можности за да се надградите самите себе, дигнете се повисоко од вашиот моментален статус, прифатете го работниот процес и ќе се изненадите како вашата работа одеднаш ќе стане многу блиску до идеалот кој сте го имале. Спротивно на тоа, ако повторувате сам на себе дека ви е здодевно, дека вашата работа е безнадежна и неблагодарна, дека вашиот директор не ве цени, во тој случај секоја професија ќе биде жив пекол за вас.

работа 3

Дали ваквата професија значи и константна среќа?
Не, нималку. Исто како што ќе имате периоди на сатисфакција додека работите работа која не ја сакате, така ќе имате и моменти на незадоволство, фрустрација, и очај, работејќи ја вашата професија од соништата.
Во пракса, то би значело дека е возможно да ја работите моментално работата која ја посакувате, само да не сте свесни за тоа, бидејќи верувате дека ако не сте задоволни 24/7, тогаш нешто не е во ред. Секоја професија си носи предизвици, а некои од нив не се баш пријатни, но не смеете да дозволите тоа да ве обесхрабри.

работа

Како да ја пронајдете посакуваната професија?
Пробајте да се сетите што ви се допаѓаше најмногу кај претходното работно место, кои ве биле омилени активности на училиште и на факултет-тука не се мисли на предметите кои сте ги изучувале, туку на активности како што е на пример организирање. Можеби баш таа активност несвесно ве прати низ целото ваше образование, во тој случај најдобро е да побарате професија која ќе се базира на таа активност.
Професија од соништата е прилично нејасна визија, а сепак прилично моќна. Но не дозволувајте вашата желба за таква професија да ви го расипе животот или да ви смета за да ја вршите вашата моментална работа како што треба-бидејќи можеби тоа да биде многу близу до посакуваната професија а да не сте ни свесни за тоа.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот