Дали можете да бидете шеф?

0

Ги поседувате ли квалитетите што ги поседува вистинскиот лидер? Верувајте, да се биде шеф не е воопшто лесно, колку и да ви се чини дека на вашиот претпоставен му оди сè од рака.

Всушност, за да бидете добар лидер, потребно е да ги поседувате овие квалитети, во спротивно, никогаш нема да стигнете на врвот.

1.Поставена цел и јасна комуникација

Ќе тапкате во место ако не си поставите цел каде сакате да стигнете и ако тоа не им го поставите на вистинскиот начин и на клиентите, и на својот тим. Лидерите треба да имаат визија на проектот кој ќе го спроведат од почеток до крај и треба да знаат дека успешното работење е многу тешко.

2. „Око“ за квалитетни луѓе

За да се изгради и да се одржи стабилен тим, треба да откриете кои вештини и кои специфични личности ќе ви требаат за да изградите совршено деловно опкружување.

3. Силна верба

Мора да верувате во себе и да бидете подготвени да слушнете критика, ама и да ја прифатите наместо само да одмавнувате со главата. Кога ќе го составувате својот тим важно е да бирате силни луѓе кои се успешни во оние полиња кои вам не ви „лежат“.

4. Смисла за хумор

Ако можете да ја видите смешната, полесната страна на тешката ситуација, тогаш сте на добар пат. Хуморот помага во развојот на бизнисот и за стекнување нови пријатели и соработници.

5. Скромност

Имајте на ум дека секогаш постои можност да напредувате, со што и да се занимавате. Во тоа ќе ви помогнат луѓето од вашиот тим, па затоа не заборавајте да ги пофалите.

6. Благородност и искреност

Грижата за луѓето околу вас и долгорочното размислување секогаш се посилни од себичноста и лакомото однесување. Исто така, важно е да го направите тоа што ќе кажете дека ќе го направите.

7. Без стрес

Многу луѓе не се во состојба да се изборат со сопствените мисли и со зголемениот стрес. Ама, успешните лидери знаат да се справат со стресните ситуации и да спијат мирно ноќе. Со самото тоа ќе делуваат посвежо и ќе носат правилни одлуки следниот ден.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.