Дали мигрената е наследна болест?

0

Резултатите за најголемото истражување досега за мигрената објавени се во списанието Nature Genetics и упатуваат на тоа дека за развој на мигрената кај еден човек постојат генетски предиспозиции.

Истражувањето е спроведено од тим на меѓународни истражувачи во International Headache Genetics Consortium. Научниците од Австралија, Данска, Естонија, Финска, Германија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шпанија, Шведска, Велика Британија и САД ја споровеле оваа студија на 375 000 примероци на ДНК на луѓе, од кои 60 000 патат од мигрена.

Научниците успеале да анализираат милиони генетски варијанти и откриле дека со појавата на мигрена можат да се поврзат 38 различни геномски подрачја. Досега оваа болест се поврзувала само со десет геномски подрачја. Резултатите од ова истражување сугерираат дека мигрената треба да влезе во листата на наследни болести.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар