Дали меѓу вас има дипломирани спијачи?

0

Дали меѓу вас има дипломирани спијачи?

Ако одговорот е да, во тој случај време е да се пријавите за работата од соништата – Дормео спијачи на годината.

Што треба да правите за да ја завршите работата како што треба?

Да спиете 8 часа во гужва и под притисок. Оваа година спијачите ќе спијат на некое од продажни места на Дормео од 26 март до 6 април.

Затоа се потребни супер талентирани 6 спијачи кои ќе бидат наградени со 100 евра за 8 часа спиење.
Сега конечно можете да одмарате, да спиете и да бидете платени за тоа. Ќе имате можност да спиете на Дормео душеците и вистински да дознаете како изгледа квалитетен сон.

Пријавувањето трае до 18 март, а ако го имате талентот за спиење пријавете се на следниов линк.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.