Дали луѓето со смисла за хумор се попаметни од другите?

0

Сигурно сте се нашле во друштво на луѓе кои ве засмеваат постојано, кои секогаш знаат што да кажат и да ги насмеат присутните, шегите ги кажуваат на поинаков начин кој никогаш не преминува граници на пристојност и навредливост.

Токму тие луѓе се сметаа за личности кои имаат смисла за хумор. Најчесто, ставот е дека паметните луѓе се тие кои ја поседуваат оваа карактеристика, токму затоа и ги обожаваат во друштво.

Земете ги за пример комичарите кои успеваат да насмеат цела сала полна публика.

Тоа e од причина што за да кажете шега потребна е вештина и интелигенција. Мора на прво место да ги процените луѓето кои ве слушаат дали се во можност да го разберат тоа што го кажувате. Потоа мора да бидете смирени, да градите неизвесност и сето тоа полека да го набљудувате.

Уште една предност на луѓето со смисла за хумор е тоа што секогаш се издвојуваат од толпата и се попривлечни за спротивниот пол.

the-wolf-of-wall-street_431efa-1__1468591242_77.29.252.189

Истражувачите од Универизитетот во Ново Мексико потврдиле дека луѓето со смисла за хумор навистина се попаметни од другите.

Тие побарале 400 студенти(200 мажи и 200 жени)  да земат учество во проектот. Им поделиле различно тестови за апстракно резонирање, ја оценувале вербалната интелигенција, како и способноста за произведат хумор, односно да направат хумористична игра на зборови.

Заклучокот бил дека тие чии резултати имале поголема доза на хумор, имале повисоко ниво на интелигенција. Истражувачите додале дека оваа особина е одличен индикатор кој може да им каже дека имаат големи шанси да најдат партнер за многу пократко време за разлика од другите.

Луѓето со смисла за хумор имаат 85% повеќе шанси да добијат подобра позиција ако аплицираат на некое работно место, за разлика од останатите кои не се снаоѓаат многу добро во социјалната комуникација.

Хуморот е голем и важен дел од нашиот живот кој мора да биде присутен. Само помислете колку од јавните говорници, познати личности и политичари, својот говор го почнуваат со шега. И знаете кое е правилото?

Ако успеете да ги насмеете, веќе сте добиле половина битка.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.