Дали La La Land ќе добие и Оскар за најдобар филм?

0

Без присуство на публика и новинари како во претходните години, Академијата на филмските работници вчера ги соопшти имињата на актерите и филмовите што се во конкуренција за најпрестижната филмска награда Оскар.

Судејќи според тоа како беа доделени Златните глобуси, нема многу изненадувања во номинациите за Оскарите. Со најмногу номинации овој пат е мјузиклот La La Land (дури 14), меѓу кои и оние за најдобар актер и актерка во главна улога, за режија, за оригинално сценарио и најдобар филм.

Овој пат, сепак не одеше сè по планот, па Академијата мораше да издаде официјално извинување откако ги стави Том Хенкс и Ејми Адамс на листата номинирани, иако, всушност, не се.

А кои се номинираните филмови оваа година?

Најдобар филм
Arrival
Fences
Hacksaw Ridge
Hell or High Water
Hidden Figures
La La Land
Lion
Manchester by the Sea
Moonlight

Главна машка улога
Casey Affleck, Manchester by the Sea
Andrew Garfield, Hacksaw Ridge
Ryan Gosling, La La Land
Viggo Mortensen, Captain Fantastic
Denzel Washington, Fences

Главна женска улога
Isabelle Huppert, Elle
Ruth Negga, Loving
Natalie Portman, Jackie
Emma Stone, La La Land
Meryl Streep, Florence Foster Jenkins

Споредна машка улога
Mahershala Ali, Moonlight
Jeff Bridges, Hell or High Water
Michael Shannon, Nocturnal Animals
Dev Patel, Lion
Lucas Hedges ,Manchester by the Sea

Споредна женска улога
Viola Davis, Fences
Naomie Harris, Moonlight
Nicole Kidman, Lion
Octavia Spencer, Hidden Figures
Michelle Williams, Manchester by the Sea

Најдобра режија
Denis Villeneuve, Arrival
Mel Gibson, Hacksaw Ridge
Damien Chazelle, La La Land
Kenneth Lonergan, Manchester by the Sea
Barry Jenkins, Moonlight

Водител на годинешните Оскари ќе биде комичарот Џими Кимел.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот