Дали криминалот е последица на одредени ризик фактори?

0

Девијантното однесување претставува еден од најчестите проблеми во детството и младоста, посебно кај машките адолесценти.

Во 1990 година се појавила една теорија која го објаснувала криминалот како резултат на ризик фактори кои придонесуваат едно лице да развие девијантно однесување.

Фактори на ризик се варијабли врз основа на кои може да се предвиди зголемена можност за престапништво во наредниот период  (Кадин, Крамер, 1997)

Имено според оваа теорија постои една скала на која на едниот крај се ризик факторите, а на спротивниот крај заштитните односно протективни фактори.  Протективните фактори ја намалуваат можноста за престапништво односно деликвентно однесување.

Оваа теорија е разбработувана последните години. Истражувачите идентификувале бројни ризични и протективни фактори.

Постојат фактори кои можат да придонесат за развој на деликвентно однесување како и за негово сузбивање можат да се поделат во неколку групи.

Индивидуални фактори: ниска интелигенција и образование, антисоцијално однесување, темперамент, емпатија, импулсивност. Најчесто делинквентите имаат ниска интелигнеција, која се одразува на нивната способност да ги согледат последиците од своето однесување како и да ги претпостават чувствата на жртвата.  Исто така постои раширено верување дека ниската емпатија е значајна црта на личноста која е поврзана со престапништвото, а се заснова на претпоставката дека луѓето кои можат да се соживеат со чувставата на другите, се помалку подготвени да ги повредат другите.

Семејство како фактор на ризик – Најчесто занемарување, злоупотреба на деца, високото ниво на конфликт, агресија, криминалитет на родителите, ран губиток на родителите претставува ризик за развој на криминално однесување. Од истражувањата може да се заклучи дека семејно насилство е еден од најзначајните ризик фактори, затоа што децата ги имитираат агресивните родители, а агресивните родители на агресивното однесување на децата реагираат со одобрување.

Врсниците како фактор на ризик – Дружење со другари делинквенти може да биде клучен фактор во одредување на дали одредено лице ќе продолжи да врши кривични дела. Некои истражувачи велат дека адолсцентите со делинквентни другари имаат 10 пати повеќе шанси да бидат вовлечени во сериозно делинквентно поведение отколку нивните врсници кои не се дружат со делинквентни врсници.

Исто така личности кои се социјално изолирани или отфрлени и кои не се вклучени во традиционални социјални активности се во зголемен ризик да се однесуваат насилно.

Колку што се овие ризик фактори толку можат да бидат и протективни фактори. Односно висока интелигенција и образование, складно и хармонично семејство, врсниците и околината можат да спречат одредено лице да развие непосакувано однесување.

Подготви: Mарија Алексиќ

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.