Дали комплексите ви го загорчуваат животот?

0

Никогаш не сте задоволна од себе, од својот изглед, а големи грижи ви задаваат несовршениот нос, клемпавите уши, тенките усни, малите гради, големиот задник… Мислите дека не сте доволно паметна како другите луѓе, се мачите со својата пречувствителност, со своите многубројни стравови.

Иако навидум различни, сите комплекси имаат нешто заедничко – слабата поддршка во себе и неприфаќањето на себе такви какви што сме. Комплексите, всушност претставуваат отфрлање на делови од себе. На пример, не ми се допаѓаат моите уши, или не ми се допаѓа што сум многу срамежлива, не ги прифаќам, а неприфаќањето значи отуѓување на тој дел од нашето тело, од нашата психа. Потеклото е емоционален шок при што се оттуѓува тој дел од вашата психа.

Корените на комплексите се во детството и се резултат на односот на родителите кон нивните деца, а посебно добиваат во интензитет во текот на адолесценцијата.

Какви комплекси постојат? 

superior-bossКомплекс на инфериорност (комплекс на помала вредност) – многу чест и широко распространет и кај двата пола. Тоа е организиран збир на идеи, емоции, ставови врзани за чувството на помала вредност кој на патолошки начин го одредува човековото мислење и активност. Се разбира, најчесто присутен комплекс кај адолесцентите и е дел од нивниот нормален развој и созревање. Сите ние во одредени животни ситуации имаме чувство на помала вредност и тоа не делува како комплекс, сè додека не стане претерано силно, неразумно и неконструктивно.

На појавата на овој комплекс влијаат многу фактори: одредени физички мани кај детето (телесна неразвиеност, срцеви мани, кратковидост и.т.н.), несоодветно семејно воспитание (претерано галење, презаштитување или пак потценување и понижување на детето), нискиот социјален статус на семејството (сиромашни родители, родители алкохоличари или криминалци), или недоволно развиени ментални способности. Комплексот на инфериорност во себе ја содржи лошата слика за себе и ниското самопочитување. Самопочитувањето не е одраз само на сопствените проценки, туку произлегува и од реакцијата на другите луѓе, посебно на оние што ни се важни, што ги сакаме.

Комплекс на супериорност (комплекс на повисока вредност) – збир на емоционално обоени и најчесто несвесни идеи, претстави и тенденции кои се организирани околу централната претстава за сопствената супериорност, надмоќ над другите луѓе. Таа физичка, интелектуална, социјална или морална надмоќ обично е замислена и фиктивна. Личноста која го има овој комплекс се плаши да ја стави на проба својата замислена супериорност и затоа најчесто наоѓа безброј начини (физичка болест, невроза, пелтечење, повлекување и сл.) да избегне било каков вид на тестирање. Ваквите луѓе забележуваат и посветуваат внимание само на комплиментите и на пофалбите, а од критика со сите сили се бранат. Ништо не смее да ја урне нивната илузија за совршеното „јас“.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.