Дали ќе исчезнат паметните луѓе?

0

Научниците неодамна дојдоа до сознание кое го сметаат за поразително – луѓето еволуираат, ама во погрешна насока. Според нив, во светот се случува негативен тренд кој како да го намалува капацитетот на луѓето за учење и за помнење.

Во иднина, и тоа во блиска иднина, ова би можело да има многу негативно влијание врз човечовиот род.

Оваа студија е објавена во списанието Proceedings of the National Academy, откако е спроведена над 109.000 луѓе. Резултатите покажуваат дека одредени лица се носители на ген кој бара да се посвети повеќе време на учење и образование и дека на нив им треба повеќе време да го запомнат тоа што го учат. Од друга страна се лицата за кои се смета дека се попаметни, но истите тие луѓе многу поретко создаваат семејства, односно „паметните гени“ не се размножуваат и пренесуваат од една на друга генерација.

Нашите мозоци се способни за одредени ментални способности, па ако оние што се со поразвиен генетски код не продолжат да го „шират“, можно е по неколку века менталниот развој на луѓето да се врати на истото рамниште како од почетокот на еволуцијата.

Од друга страна, истите научници имаат надеж дека со новите и напредни образовни системи луѓето нема да „закржлават“ и дека нема да се исполнат најцрните сценарија.

Иако од 1932 до 1978 година коефициентот на интелигенција е зголемен за 14 единици, во последниве години тој број стагнира.

Во кој правец ќе се движи еволуцијата, останува да дознаат идните генерации.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот