Дали имате потреба од еколошко и економично решение за загревање на домот?

0

 

Пролет и летно се периоди од годината кога треба да се размислува за следната грејна сезона, поточно овие неколку месеци е потребно да се подготвите за зимскиот период кој следи.

Тоа што ви треба е еколошко и економично решение за загревање на домот.

Vitosol 200 F SVK е соларен пакет кој што е едноставен и лесен за монтажа. Предноста е тоа што за хидрауличко поврзување не е потребен дополнителен алат. Монтажата е брз и едноставна, целиот процес завршува за помалку од еден работен ден.

Vitosol 200 F SVK има два плочести изменувачи и 250Л бивалентен бојлер Vitocell 100B. Тоа е комплетен пакет за подготовка на санитарна топла вода кој се состои од два панелни сончеви колектори Vitosol 200 F (Тип SVK) со вкупна апсорпциона површина од 4.0 м„, 250л бивалентен бојлер за санитарна топла вода Vitocell 100-B со вградена циркулациома пумпа и соларна регулација, топлински медиум Tyfocor, спојки и предизолирани флексибилни водови за поврзување на инсталација, сет за монтажа на кров.

Предноста на Vitasol е тоа што има ефикасен панелен колектор со променливо апсорпционен слој ThermProtect, нема прегревање и создавање на пареа кога има мала потрошувачка на енергија,зголемено соларно покривање како поддршка за греење и загревање на питка вода и е универзално погоден за монтажа на кос и рамен кров, за вградување во кров како и за монтажа на фасада. Потоа, постои можност за хоризонтална и вертикална монтажа, во зависност од потребите и можностите на клиентот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот