Дали ги знаете овие спортски податоци?

0

Спортските дисциплини се многубројни и ретко кој од нас ги знае сите податоци за секоја, особено оние кои не ги следиме. Но, оваа листа ќе ви открие занимливости и факти за повеќето од нив, што дури и тие што не се љубители на спортот би ги заинтригирале.

– Во еден бејзбол натпревар, само 18 минути се активна игра.

– Филипините се имаат натпреварувано во речиси сите летни Олимписки игри без да освојат ниеден златен медал.

– На првите модерни Олимписки игри, победниците биле наградувани со сребрен медал.

– Кина не добила ниеден олимписки медал сè до 1984 година. Но, на Олимписките игри во Пекинг 2008 година, Кина освои 100 медали.

– Светскиот рекорд за скок во далечина на мажи не е урнат од 1969 година.

– Грција е единствената земја која има настапено на сите Олимписки игри под сопственото државно знаме.

– Само 72 играчи во NBA лигата имаат повеќе обиди за слободно фрлање во нивните кариери од целокупната бројка на „утнати“ слободни фрлања на Shaquille O’Neal, која изнесува 5,317 .

– “Federer” може да го напишете на тастатура користејќи ја само левата рака.

– Голф топчето во просек има 336 дупки.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.