Дали е навистина корисен балзамот за усни?

0

Дали е вистина дека балзамот за усни може да предизвика кожата на усните почесто да испука отколку да ја заштити? Ова е делумно точно. Поточно, меѓу состојките на балзамот за усни се сретнуваат и салицилната киселина, фенолот и ментолот кои предизвикуваат несакани реакции.

Причината поради која се додаваат овие состојки во балзамите е обичен маркетиншки трик – ќе почувствувате пецкање или ладење на усните што ќе ве натера да помислите дека балзамот има некое поволно делување. Меѓутоа, некои од наведените состојки влијаат кожата на усните побрзо да се суши и лупи. Поради тоа усните стануваат потенки и помалку заштитени од надворешните фактори. Па воопшто не зачудува што некои луѓе имаат постојано испукани усни и покрај тоа што редовно нанесуваат балзам.

Всушност ако не верувате, запрашајте се дали некој дерматолог би препишал употреба на салицилна киселина за распукани усни? Најверојатно никогаш. Таа влијае на лупењето на усните, а на распуканите усни им треба средство како што е вазелин или желатонозен петролеј, а не состојка која дополнително ќе ја излупи.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар