Дали Џеј Зи навистина ја изневерил Бијонсе?

0

Врската на Џеј Зи и Бијонсе беше етикетирана со гласини за неверство, по албумот „Лимонада“ на Бијонсе во 2016та година.

Дали Џеј Зи навистина ја изневерил својата сопруга Бијонсе?  
Тој конечно даде јавен одговор на прашањето што сите го прашуваа изминатата година.. Да, неверство навистина се случило, па оттука се поткренаа уште повеќе прашања во врска со оваа вест.

Албумот на Бијонсе „Лимонада“  имаше фокус на темата неверство, со детали околу одредена жена и нејзиниот маж. Приказната која албумот ја раскажува е за стадиумите низ кои сега знаеме дека Бијонсе навистина поминала: сомневање, гнев и конечно – прошка.

Во песната „Жалам“ – таа пее за „Беки со убавата коса“.

Тогаш, прашањето беше дали навистина Џеј Зи ја изневерил својата сопруга, но сега откако го знаеме одговорот, фановите по социјалните мрежи дебатираат за идентитетот на „Беки со убавата коса“, со која веројатно Џеј Зи ја сторил прељубата.

Која е всушност таа?

Се претпоставуваше дека Рита Ора е „Беки“ која имаше соработка со пеачот. Овие гласини Рита Ора ги негираше и им посочи на сите дека едноставно треба да уживаат во “лимонадата“ на Бијонсе, односно нејзината музика, наместо да ја погодуваат скриената порака.

Следна на листата осомничени беше Ријана, за која се претпоставуваше дека имала афера со Џеј Зи во 2005та година, во периодот кога наводно Џеј Зи и Бијонсе биле тајно разделени.

Со оглед на тоа дека Џеј Зи после толку време прв пат јавно проговори на оваа тема, разгорувајќи го стариот оган преку неговите нови песни, притоа не откривајќи премногу детали, веројатно идентитетот на „Беки“ нема никогаш да биде со сигурност потврден.

На прашањето зошто парот на ваков начин се одлучи да ги открие на јавноста своите приватни тајни, раперот одговори дека музиката и уметноста која тие ја создаваат е нивна лична терапија. Некои луѓе одат на брачни советувања, додека некои одлучуваат да ја “испеат“ болката.

Наше е да уживаме во музиката на Џеј Зи и Бијонсе и да се надеваме дека моќниот пар ќе ги надмине своите проблеми и дека нема да слушаме од нив повеќе песни за неверства.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.