Дали да и се обратите на свекрвата со “мамо”

0

Македонија е земја каде се уште на големо се следат и почитуваат старите традиции. А според една од нив, жената на синот, идната снаа треба да и се обрати на свекрвата со “мамо”, на свекорот со “тато”, бидејќи штом се омажи тие и стануваат новите родители.

Во минатото ова не претставувало никаков проблем, но во денешно време создава многу главоболки во новокомонираните семејства. Родителите се тие кои држат до традицијата, младите не сакаат да слушнат затоа, поточно девојките, а синовите обично стојат настрана од целиот проблем.

Реално, во овие ситуации нема право или криво. Ова се ситуации каде треба да се настапи со сопствената желба. Ако идните невести се чувствуваат удобно да и се обратат на идната свекрва со “мамо”, во тој случај нема ништо страшно во тоа. Се работи за желба и начин на кој тие одбираат да функционираат.

Ако пак не сака и тоа би било сосема во ред, без притоа  да има додатни полемики и слично. Тоа не значи дека не ја почитувате, само вие имате друга перспектива кон ова.

За сè во животот има начин да се решат работите, дали преку разговор, дали постепено, не е важно.

Најбезболната варијанта е преку отворен разговор. Седнете со идната свекрва и прашајте ја како се чувствува по тоа прашање. Таа ќе ви одговори, вие ќе го кажете вашиот став и се ќе биде полесно штом работите се на површина.

Немојте да заборавате дека таа е мајка на вашиот сопруг, жената која го сака и се грижи за него. Секогаш почитувајте ја до крај, бидејќи за возврат ќе ја добиете истата доза почит која сте ја покажале. Таа е вашето ново семејство, а со семејството можете да си зборувате за сè.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар