Дали блогерството е вистинска професија?

0

Во последните години тоа што станува многу популарно како професија е блогерството. Во минатото, децата имаа амбиција да станат пилоти, учители, астронаути, доктори – денес се поголем дел од децата кои влегуваат во тинејџерските години имаат желба да бидат блогери, иако точно не ја знаат дефиницијата за тоа, односно кои се работните обврски.

Сликата која е општо прифатена за блогерите е дека единствено што прават е шетаат на привлечни дестинации, се хранат со највкусната и нездравата храна на светот, ги имаат најдобрите производ за нега на лице и шминки, а кога ќе треба да го покажат тоа на светот, односно да го сработат, седнуваат со лаптоп или телефон покрај плажа и работата е веќе половина завршена.

Реалноста е друга – за да се биде вистински блогер кој ќе има успех и финансиска корист, бара напорна и посветена работа.

Да, навидум нивниот труд се исплати благодарение на платените огласи, продажба на производи преку нивниот блог, продажба на членство, соработка со други блогери и големи брендови.

Не е работа која ќе направи да се збогатите преку ноќ, туку напротив, потребен е извесен временски период квалитетна работа за да почнете да го чувствувате бенефитот од истата.

Да се биде блогер е исто како да се поседува сопствен бизнис – ангажирани сте 24 часа 7 дена во неделата. Како за секоја друга работа, така и за оваа, потребен е концепт, идеја, план и стратегија на работа, а најмногу од сè е потребно трпение.

Потребно е да бидете информирани за сите технолошки достигнувања кои може да ви бидат од корист, да следите дневни настани и случувања, да бидете дел од истите, за да останете тековни, посебно да бидете информирани во областа во која сте се одлучиле да работите.

Ова се некои од работите кои што ги издвојуваат добрите блогери кои вистински заработуваат од останатите кои што се обидуваат да успеат, дури и после неколку години.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот